Изграден нов воспитно поправен дом во Тетово (ФОТО)

Изграден е нов воспитно поправен дом во Тетово. Од срце се надевам дека овие училишни клупи, грижа и хумани услови ќе го промени животот на штитениците и ќе ги одведе на вистинскиот пат – децата заслужуваат шанса во животот, напиша на фејсбук министерката за правда, Рената Дескоска.

Поправен дом Тетово

Капацитет на овој поправен дом е 110 лица. Изградени се три објекти за сместување во отворени одделенија и одделенија за засилен надзор, со нето површина од 1.920 м2.

Поправен дом Тетово

-Дополнителни 1.603 м2, во чии рамки е приемното одделение, одделение за посети, амбуланта за општа медицина и стоматологија, кујна, трпезарија, перална, едукативно одделение, повеќе наменска спортска сала и административен дел за вработените во установата.
За работно ангажирање на штитениците изграден е објект со две работилници и гаражи- стои во објавата на министерката Дескоска.

Поправен дом Тетово

-Воспитно-поправниот дом е затворен комплекс со површина од околу 16.000 м2, ограден со безбедносна жичана ограда, шеталишта, со спортско игралиште за кошарка, мал фудбал и ракомет. Вкупната вредност на изградбата изнесува 253.582.000,00 денари-напиша министерката.

Поправен дом Тетово

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот