Изградбата на новиот паркинг во Ново Лисиче во завршна фаза

Градоначалникот на Општина Аеродром Златко Марин денеска изврши увид во градежните активности на новиот паркинг што се наоѓа во непосредна близина на детската градинка „Буба Мара” во Ново Лисиче.

Изградбата на овој паркинг-простор, со кој се обезбедуваат 50 нови паркинг-места, како што информираат од Општина Аеродром, е во завршна фаза. Паркингот е адаптиран на посочениот простор и притоа се зачувани дрвјата на оваа локација.

Со неговата изградба се решава долгогодишниот проблем на жителите од околината. Општина Аеродром во изминатиот период, исто така, ги прошири паркинзите на три локации во непосредна близина на булеварот „Видое Смилевски-Бато”.

Од Општината информираат дека ќе продолжи реализација на инфраструктурни проекти за проширување на постојните и изградба на нови паркинзи на ниво на целата територија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот