Изградбата на кружниот тек на влезот од Куманово ќе почне кон крајот на месецов

пштина Куманово ќе усвои времен сообраќаен план за влезот на градот кај крстосницата на булеварот „Трeта Македонска ударна бригада” и улицата „11 Октомври” и ќе почне со изведба на кружниот тек во Куманово, најави градоначалникот Максим Димитриевски.

– Во текот на наредната недела очекуваме да се намали сообраќајниот метеж во градот. Има голем број наши сограѓани кои работат во странство и се дојдени во градот. Очекуваме да се намали сообраќајниот метеж и да почнеме со изведба на капиталниот проект, што значи дека до крајот на месецов ќе отпочнеме со работа, рече Димитриевски.

Изградбата на кружниот тек влегува во рамки на развојната програма на општина Куманово заедно со изградба и реконструкција на улици.

Претходно, кон крајот на јуни заврши тендерот за избор на компанија за изградба на кружен тек во Куманово. Над 19,7 милиони денари ќе одвои општината за изградба на кружниот тек на влезот на Куманово, а тендерот го доби кумановската фирма „Кооп инжинеринг”. Избраната компанија, изведувач на градежните работи, има рок од три месеци да го изгради кружниот тек.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот