Изградбата на гасната врска меѓу Србија и Бугарија започнува на 1 февруари

Гас фото МИА

Српскиот претседател Александар Вучиќ и бугарскиот претседател Румен Радев во среда, 1 февруари, ќе присуствуваат на почетокот на работите за изградба на гасен интерконектор меѓу Србија и Бугарија на бугарска територија, соопшти прес-службата на бугарскиот претседател, објави Танјуг.

Меѓусистемската гасна врска „Бугарија-Србија“ (ИБС) во Србија ќе биде долга 109 километри, а вкупната должина на двонасочниот гасовод низ двете земји е 170 километри, од Нови Искар кај Софија до Ниш, се додава во соопштението.

Гасоводот има капацитет од 1,8 милијарди кубни метри гас годишно и е проект од заеднички интерес за Европската Унија. На состанокот по повод почетокот на работите за изградба на гасоводот ќе присуствуваат министрите за енергетика на двете земји Росен Христов и Дубравка Ѓедовиќ, како и извршниот директор на Булгартрансгаз, Владимир Малинов, соопштија од најава.

Вкупната вредност на гасниот интерконектор Ниш – Димитровград – Бугарија, според проценката на Европската инвестициска банка, е 85,5 милиони евра, од кои ЕИБ дава 25 милиони евра во форма на заем, 49,6 милиони се неповратни ЕУ кофинансирање од ИПА фондовите, додека остатокот ќе бидат трошоци кои ќе се покриваат од буџетот на Србија и сопствени средства на ЈП „Србијагас“.

Гасната интерконекција меѓу Србија и Бугарија ќе биде подготвена за оперативна работа во средината на 2023 година. Работите опфаќаат изградба на двонасочниот главен гасен интерконектор МГ10 Ниш – Димитровград на територијата на Србија, меѓу системите за природен гас на Србија и Бугарија, како и изградба на четири мерно регулациони станици и придружни објекти. Договорот за изградба на гасоводот Ниш – Димитровград е потпишан уште во 2010 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот