Изградба на нов кружен тек ја претвори Тирана во „воена зона“ (ФОТО)

Фото: Топ чанел

Рушење на објекти каде е планирана изградба на кружен тек во Тирана изутринава предизвика судири меѓу жителите кои се спротивставуваат на ова акција и албанската полиција.

Според фотографиите кои ги објавија албанските медиуми, населбата наречена “Астира“ во главниот град на албанија изутринава личела на “воена зона“.

Полицијата употребила солзавец за да ја растури толпата на жителите кои се спротивставуваат на рушење на објектите.

Фото: Топ чанел

Жителите на областа „Астира“ во Тирана веќе втора година протестираат против изградба на нов кружен тек, со кој се предвидува и рушење на неколку околни објекти. Сепак, денеска започна рушењето на објектите кои се изградени без дозвола и за кои сопстевниците претходно добиле компензација поради нивното отстранување.

Фото: Топ чанел

„Топ Чанел“ јавува дека поради судирите повредени се 12 лица и дека тие биле пренесени во болница, од кои пет полицајци и седум жители.

– Доколку сте земале пари или процент  за рушењето на зградите, разумно е да престанете со саботажа на Тирана – се огласи градоначалникот на Тирана, Ерион Велиај, коментирајќи ја денешната состојба.

Фото: Топ чанел

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот