Изградба и обнова на основни училишта со 328 милиони денари, за средните 19,7 милиони
Владата вечерва на седница ги усвои програмите за изградба и реконструкција на основни и за средни училишта за 2021 година, на предлог на Министерството за образование и наука.Согласно програмите, се планира распределба на средства за градби и реконструкции, стручно технички надзор во процесот на градежните активности, обезбедување на техничка документација, податоци и услуги од страна на јавни институции и средства за непредвидени работи и вишоци за училишни објекти за основни училишта и средни училишта во рамките на обезбедените средства во Буџетот на Република Северна Македонија за оваа година.
Во однос на Програмата за изградба и реконструкција на средни училишта за 2021 година се планирани средства за реализација во вкупен износ од 19.700.000 денари, кои се распределуваат за реконструкција, доградба и подготовка на стручна документација за повеќе средни училишта во Тетово, Прилеп, Свети Николе, Штип.
Владата на седницата ја усвои и Националната стратегија за земјоделството и руралниот развој за периодот од 2021 до 2027 година, откако ја разгледа и усвои Информацијата за Предлог-националната стратегија за земјоделството и рурален развој за периодот од 2021 до 2027 година. Од оваа област беа усвоени и програмите за 2021 година и тоа: за развој и унапредување на ловството и за одгледување и заштита на дивечот во репроцентрите, за спроведување на мониторинг во областа на производството, реработката, складирањето, дистрибуцијата, употребата и сообразноста на ѓубрињата, биостимулаторите и подобрувачите на својствата на почвата, како и контрола на квалитетот на ѓубрињата, биостимулаторите и подобрувачите на својствата на почвата за 2021 година.
На седницата се разгледани и се донесени одлуки за давање согласност на Информацијата за Предлог – Годишната програма за работа и на Предлог – годишниот финансиски план за 2021 година и Информацијата за предлог-Среднорочна програма за работа на Фондот за иновации и технолошки развој за 2021-2023 година на Фондот за иновации и технолошки развој.
Извор: МИА