Изготвен е списокот на можните соработници на Русковска – короната го одложи епилогот од огласот за вработување

Епидемијата на корона вирусот го одолговлечи процесот на доекипирање на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција. Иако огласот на Советот за јавни обвинители беше завршен уште во септември, ни од блиску не се знае кои пет лица, од најмалку 14-те пријавени кандидати, ќе ја продолжат обвинителската кариера во одделот предводен од Вилма Русковска.

Денеска е изготвен списокот на сите што аплицирале. Допрва треба да се формира Комисија што ќе спроведува интервјуа, велат за Слободен печат упатени во процесот.

Пролонгирањето се припишува на корона вирусот, со кој се заразиле дел од членовите на Советот , кому задача е да ги оцени кандидатите.

Претходно медиумите пишуваа дека за петте места на конкурсот се пријавиле најголемиот дел од обвинителите кои работеа во згаснатото СЈО. Од своја страна, пак, Вилма Русковска, не одговори дали ги претпочита за соработници обвинителите од СЈО, велејќи дека секој што си ја знае работата ќе биде од корист. Таа бараше да и бидат одобрени осум лица, но Советот го распиша огласот за пет, со што Обвинителството за гонење организиран криминал би броело вкупно петнаесет обвинители.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот