Изгореа три коли на паркинг во Аеродром

Пожар Куманово
Фото: МИА/илустрација

Три автомобили изгореле вчера рано утрото на паркинг во скопската населба Аеродром, соопшти полицијата.

На 13.01.2022 во 01.50 часот било пријавено дека на подрачјето на Аеродром, на паркинг, настанал пожар во три патнички возила. Полициски службеници излегле на лице место и констатирале дека станува збор за патничките возила: „БМВ”, сопственост на Р.М.(47) од Скопје, „Форд Фиеста”, сопственост на Д.Ѓ.(67) од Скопје, двете со скопски регистарски ознаки, и „КИА”, со кумановски регистарски ознаки, сопственост на Д.Ј.(60) од Крива Паланка. Пожарот бил изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита, а повредени лица нема, се вели во полицискиот билтен.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот