Изгореа четири автомобили ноќва во Скопје

Возило на македонската пожарна/ Фото: Архива

Ноќва во Скопје изгореа четири автомобили, информира Министерството за внатрешни работи.

На 26.08.2020 околу 04.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Ордан Чопела“  во Скопје настанал пожар во патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на М.Ф..

Од пожарот биле зафатени и возилата „голф“, сопственост на С.Н., „мерцедес“, сопственост на Д.Е. и „опел корса“ без регистарски ознаки.

Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот