Изгореа 400 килограми дрога во Кавадарци

Денеска во погоните на „Еуроникел индустри“ во Кавадарци, беше уништено оружје и наркотични дроги  одземени по основ на правосилни судски одлуки.

– Станува збор за уништени повеќе од 600 парчиња оружје, од кои најголемиот дел се пиштоли 358, 142 ловечки пушки, 32 автоматски пушки, 54 воздушни пушки и ракетен фрлач. Исто така уништени се и 400  килограми наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори, и тоа марихуана, хашиш, кокаин, хероин, амфетамини и друго. Сакам да се заблагодарам на раководството на Еуроникел индустри што изрази подготвеност и добра волја и без никаков надомест ни беше понудено заеднички да ја реализираме целата оваа активност – рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот