Изгоре викендица во Карбинци

Пожарникари / Фото: Архива

Во пожар попладнево изгоре викендица во атарот на селото Карбинци. Штипските пожарникари по дојавата од граѓанин веднаш реагирале и на терен излегле со две возила и пет пожарникари. Но, кога пристигнале огнените јазици веќе целосно ја зафатиле викендицата. Во гаснењето на пожарот се вклучиле и граѓани, па едно лице се здобило и со изгореници, за што е повикана и Итната медицинска помош, по што е пренесен во штипската Клиничка болница.

Портпаролот на Клиничка болница-Штип, Марина Шуманска вели дека станува збор за маж на возраст од над 50 години, на кого му се констатирани изгореници од втор и трет степен на главата. Лицето е сместено на Одделението за хирургија и е во стабилна состојба.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот