Изгоре „мерцедес“ во Делчево, сопственикот видел двајца сомнителни потпалувачи

Фото: илустрација

Автомобил „мерцедес“ изгоре ноќеска во Делчево, а сопственикот вели дека видел двајца луѓе за кои се сомнева дека му го запалиле, соопшти МВР.

„На 25.9.2022 околу 03.50 часот во Полициска станица Делчево било пријавено дека во Делчево на ул. „Македонска”, настанал пожар на патничко возило „мерцедес”, со делчевски регистарски ознаки, сопственост на Д.Н. (37), кој изјавил дека забележал две лица“, велат од полицијата.

Пожарот бил изгаснат од противпожарната единица Делчево, а на местото е извршен е увид.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот