Изгоре магацин на штипски „Бетон”

Противпожарно возило / Фото: МИА

Повредни нема, но какошто велат пожарникарите има материјална штета, која допрва треба се утврди.

Магацин на градежната компанија „Бетон” од Штип рано утринава бил зафатен од пожар.

Пожарот во штипската Територијална противпожарна единица бил пријавен околу седум часот, а пожарникарите го гаснеле до 10 часот, но и во текот на попладневните часови морале да бидат на терен, бидејќи старите греди се уште тлееле. Седумина пожарникари инстервенирале со три возила.

Извршен е увид од страна на полицијата, по што ќе се утврдат причините за пожарот.

Повредни нема, но какошто велат пожарникарите има материјална штета, која допрва треба се утврди.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот