Изгоре куќа во беровското село Владимирово

Пожар во Њујорк / Фото: Архива на Слободен печат

Од СВР Штип го потврдија пожарот и додадоа дека до нив пријавата е евидентирана во 3:40 по полноќ, а увидот е се уште во тек.

Во пожар во беровското село Владимирово изгоре куќата на две беровски семејства од Скопје. Во сега веќе опожарената куќа живеела Олгица Кушовска, која пожарот го забележала околу 2 часот по полноќ.
-Спиев и се разбудив кога нешто силно стресе, си помислив дека е од дождот. Дотрча едно момче од соседството, ми помогна, се качи на скалите, виде дека гори куќата,  рече дека работи струјата и треба да бегаме. Не успеавме да изнесеме ништо од покуќнината. Веднаш тој заврте телефон на полицијата и амбулантата и други луѓе ѕвонеа, дојдоа  пожарникарите и го изгасија пожарот, рече Кушовска.
Утрото пристигнал и нејзиниот син и сопствениците на другата половина од куќата, кои додадоа дека било доцна да направат било што.
-Ние околу 6 часот тргнавме од Скопје и има што да видиме. Мајка му на Игор спиела, на време излегла, но гори тоа не успеале да спасат ништо. Причината мислиме дека е струја, нашите осигурачи беа извадени во нашиот дел од куќата. Штетата е огромна, се ни беше средено, сега ништо нема, буквално ништо, додаде Николина Јошева, сопственик на едниот дел од куќата.
Игор Јовановски, син на Олгица вели дека среќа во несреќа е што неговата мајка излегла навреме и се спасила. Апелираше за помош за да се расчисти шутот од опожарената куќа.
-Ноќеска дојдовме од Скопје, мајка ми внатре беше, среќа што здрава и жива излегла, другото се гледа што е. Сега апелирам до комуналното претпријатие и службите, било кој ако може да ни помогнат да го  расчистиме шутот што остана, па понатаму ќе видиме дали ќе можат и на друг начин да помогнат,  вели Јовановски, додавајќи дека штетите се стопроцентни. Куќата е од дедо ми, 50 години стара и сега, како што рече, одеднаш така да отиде на сите ни е тешко.
Пожарот го забележала и сосетка од околните куќи која вели дека слушнала татнеж и додаде дека утрото се уште бил забалежлив чадот и огнот, кој пожарникарите го смириле, да не се прошири кон околните куќи.
-Сега е под контрола пожарот, ама штетата е голема, мора да се помогне на луѓето, додава пожарникар кој утрово учествуваше во гаснењето на пожарот.
Од СВР Штип го потврдија пожарот и додадоа дека до нив пријавата е евидентирана во 3:40 по полноќ, а увидот е се уште во тек.
-Утрово во 3.40 часот во ОВР Берово бил пријавен пожар на куќа во селото Владимирово. Во пожарот нема повредени лица, а причинета е голема материјална штета. Со две возила навремено интервенирала екипа од ТППЕ Берово, со што пожарот е локализиран и спречен да се прошири во околните куќи, се вели во соопштението од СВР Штип.
Шеесеет и деветгодишната Олгица живее со социјална помош од 6.000 денари. Единствената помош што ја добива е од нејзиното семејство кое и обезбедува облека и ја посетува еднаш до двапати месечно. Откако остана без покрив над глава нејзината судбина станува неизвесна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот