Изгоре камион кај Неготино

Фото: Слободен печат

Изгоре камион утрово кај Неготино, за МИА потврди Иле Илиев, командир на неготинската Тероторијална противпожарна единица. Пожарникарите со две противпожарни возила најбрзо што можат интервенирале на лице место.

– Дополнителна несреќна околност беше што камионот, со македонски регистарски ознаки, бил полн со хартија. Тоа допринело огнот кој првично се јавил кај моторот, уште повеќе да се разгори, појасни Илиев.

Причинета е материјална штета, а дополнително ќе се утврдуваат причините за пожарот и висината на материјалната штета

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот