Изгоре имотот на Расел Кроу! (ВИДЕО)

Instagram
Фотографија: Instagram

Имотот на 55-годишниот актер Расел Кроу во Нов Јужен Велс, беше зафатен во пожарите кои се шират низ источна Австралија. Актерот преку Твитер ја извести јавноста, изјавувајќи дека две градби се потполно уништени и дека конечната штета на ранчот што се простира на 400 хектари, сеуште се збира. Во времето кога пожарот го зафатил имотот, актерот бил надвор од земјата.

Откако потврди дека неговото семејство и блиските пријатели се на сигурно, Кроу објави видео и фотографии на Твитер кои покажуваат хеликоптер како со вода го гаси пожарот.

„Моето срце во овие тешки моменти е со сите од целиот наш крај кои ги зафати пожарот“, напиша актерот на својот профил.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот