Изгоре „Форд“ на Министерството за култура кај Турскиот театар во Чаршија

Фото: илустрација

Автомобил на Министерството за култура вчеравечер се запалил во скопската Чаршија, соопшти МВР.

„На 30.11.2022 во 12.58 часот во СВР Скопје било пријавено дека на 29.11.2022 околу 22.30 часот на ул.„Никола Мартиноски” настанал пожар во патничко возило „Форд Фокус” со скопски регистарски ознаки, сопственост на Министерство за култура. Екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје го изгаснала пожарот, а повредени лица нема“, велат од полицијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот