Изгоре дел од куќа во Штип

Фото: Профимедиа

Изгоре дел од куќа на улицата „19 Бригада” во централниот дел на Штип. Пожарникарите дојавата за пожарот ја добиле во 9.30 часот, по што веднаш интервенирале.

Командирот на смена во Територијалната противпожарна единица, Тони Ѓеорѓиев вели дека пожарот, што го зафатил долниот кат на куќата, е изгаснат и не било дозволено тој да се прошири на вториот кат.

– Потешкотии ни создаваше тоа што куќата е во сокаче, а во овој дел куќите се на минимално растојание. Затоа моравме да имаме брза интервенција со цел пожарот да не се прошири на околните куќи – изјави Ѓеорѓиев.

Тој додава дека и во моментов има една екипа од пожарникари на местото, со цел да внимаваат да не дојде до дополнителен пожар.

 

Сопственичката е благодарна за брзата интервенција на штипските пожарникари, со што огнените јазици не се прошириле и на околните куќи.

Во моментов не се знаат причините за пожарот, кои истражните органи треба дополнително да утврдат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот