Изгоре „БМВ“ во Скопје (ФОТО)

Фото: Слободен печат

Ноќеска околу 2 часот во полиција е пријавено дека е запален автомобил „БМВ“ кој бил паркиран на паркинг просторот кај трговскиот центар „Зебра“ во Скопје. Возилото безмалку целосно изгорело.

-На 27.12.2019 во 02,00 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на улицата „Васил Ѓоргов“ настанал пожар на патничко моторно возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на фирма од Скопје. Повредени лица нема, велат од МВР.

Полицијата изрши увид за да утврди на кој начин е предизвикан пожарот. Засега се знае дека возилото е регистриран на приватна фирма од Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот