Изгледа како да е под дејство на наркотици” – Познатиот рапер едвај го држел микрофонот, се тркалал по сцената (ФОТО+ВИДЕО)

24-годишниот рапер Остин Ричард Пост, попознат како Пост Малоун, ги загрижи своите фанови со чудното однесување на последниот во низата концерти, кој го одржал во петокот.

Фановите го снимале Малоун во текот на последните концерти од неговата турнеја „Runaway” и ги споделиле снимките на социјалните мрежи. Музичарот се тетеравел на сцената со збунет израз на лицето, а на еден од настапите паднал на подот и не успеал да стане, по што останал долу на „сите четири”.

„Пост Малоун се однесува чудно на сцената веќе неколку недели”, „Не се обидувам ништо да претпоставам, но тој изгледа како да е под дејство на наркотици”, „Изгубивме премногу уметници поради предозирање, се надевам ќе биде во ред”, пишувале загрижените фанови на социјалните мрежи.

Откако интернетот го преплавиле коментари дека однесувањето на раперот е последица на користење дрога, се огласил и тој самиот:

„Не се дрогирам, се чувствувам подобро од било кога во животот”, кратко кажал Пост Малоун на еден настап.

Малоун никогаш не ја криел својата страст кон марихуаната – кон почетокот на летото минатата година започна и свој бизнис со продажба на производи со споменатиот опијат.

Меѓутоа, кон почетокот на март оваа година раперот изјави за магазинот „GQ” дека повеќе нема проблем со користење марихуана како и дека моментално не консумира ништо посилно од алкохол.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот