Изгледа 30 години помладо: Вдовицата на Дејвид Боуви им зададе удар на помладите колешки (ФОТО)
И оваа година во Њујорк се одржа хуманитарна вечера во организација на фондацијата Амфар, на која веќе традиционално им се оддава почит на поединци кои дале голем придонес во борбата против сидата, а спомениот настан многумина го доживуваат и како неофицијален почеток на позната недела на модата во Њујорк.
На црвениот тепих во средата навечер се појавија бројни славни дами, а главна ѕвезда на овогодинешната гала вечера дефинитивно беше прекрасната 64-годишна манекенка и голема хуманитарка Иман.
Вдовицата на легендарниот пејач Дејвид Боуви изгледаше беспрекорно во црна креација со бели детали, а токму како и неа, за црн фустан се одлучи и Нина Агдал, дански модел и поранешна девојка на холивудскиот актер Леонардо Дикаприо.