ИЗГЛАСАНАТА НЕДОВЕРБА НА ВЛАДАТА НЕ ЈА ПОКОЛЕБА: Романската премиерка во заминување останува на чело на нејзината партија

Фото: Профимедиа

Романската премиерка Виорика Данчила, по денешното изгласување недоверба на нејзината влада, изјави дека нема да поднесе оставка како лидер на Социјалдемократската партија (СДП) и нема за што да биде обвинета.

– Знаете дека бев избрана на конгрес. Останувам во раководството на СДП – истакна Данчила, откако на заедничката седница на двата дома на парламентот во Букурешт вкупно 238 пратеници и сенатори се изјаснија дека сакаат оставка на владиниот кабинет.

На прашањето што ќе направи доколку од неа се побара да направи чекор назад, таа одговори дека „нема намера да отстапи”.

Данчила нагласи дека не е виновна за ништо, додавајќи дека владата приложила мерки кои се добри за населението и кои позитивно се оценети од граѓаните.

Таа, исто така, изрази увереност дека ќе влезе во вториот круг од претседателските избори, кои ќе се одржат следниот месец.

Романската опозиција сега има десет дена да предложи нов премиер, кој треба да биде одобрен од шефот на државата Клаус Јоханис. Потоа мандатарот и целиот состав на новиот владин кабинет треба да добијат доверба од Парламентот, за да можат да стапат на должност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот