Изгласана доверба на полската влада

Фото: EPA

Аналитичарите објаснуваат дека ПиС сака да му помогне на претседателот на кој се одразија проблемите со имиџот на партијата.

На полската националистичка влада ѝ е изгласана доверба, со што ќе ја зајакне власта и кампањата против својот сојузник, актуелниот претседател Анджеј Дуда на претстојните претседателски избори.

Првиот круг од изборите ќе се одржи на 28 јуни. Изборите првично беа планирани за 10 мај, но се одложени поради епидемијата од коронавирус.

Премиерот Матеуш Моравиецки неочекувано денеска побара од парламентото гласање за доверба на владата, во обид пред изборите да ја зајакне позицијата на својата националистичка партија Право и правда (ПиС).

„Ако имате доволно гласови, сменете не. Ако не, пуштете не да работиме, не ни пречете“, рече Моравиецки пред гласањето во долниот дом на парламентот, каде неговата владеачка коалиција има мнозинство.

Дуда, сојузникот на владеачките националисти, долго беше убедлив фаворит. Последните анкети покажуваа дека неговото водство се намалува, посебно откако  главната опозициска партија на десниот центар Граѓанската платформа (ПО) го смени својот кандидат, истакнувајќи го либералниот градоначалник на Варшава, Рафал Трзасковски.

Една анкета чии резултати беа објавени во понеделникот покажа дека Дуда би можел да изгуби во вториот круг или од Трзасковски или од другиот главен противкандидат, телевизискиот водител Зимон Холовни.

Аналитичарите објаснуваат дека ПиС сака да му помогне на претседателот на кој се одразија проблемите со имиџот на партијата.

Политикологот Рафал Чведорук смета дека партијата сака да покаже дека владејачкото мнозинство е стабилно.

Реизборот на Дуда е важен за владејачката партија за да може да ја спроведе конзервативната програма, која вклучува реформа во правосудството за која критичарите сметаат дека ќе ја поткопа независноста на судовите.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот