Изгласа Резолуција за културна автономија на Македонците во Албанија

Општина Пустец/ Фото: МИА

Федералната унија на европските националности (ФУЕН) на 64-от Конгрес што се одржува во словачкиот главен град Братислава, едногласно усвои Резолуција со која се бара културна и образовна автономија за македонското малцинство во Албанија, предложена од македонското друштво „Илинден”од Тирана.

Според Никола Ѓурѓај, претседателот на друштвото, за Резолуцијата гласале сите 150 делегати, претставници на 103 организации од 35 земји во Европа.

-Ова за нас е голема победа зашто со Резолуцијата, која ФУЕН ќе ја достави до албанските власти се бара културна и образовна автономија за жителите на регионите Голо Брдо, Мала Преспа и Гора со цел да се зачува македонската култура во овие региони населени со македонско население, изјави за МИА претседателот на МД „Илинден” Никола Ѓурѓај кој учествува на Конгресот.

Од име на друштвото и припадниците на македонското малцинство ФУЕН апелира Владата во Тирана да отвори катедри за македонски јазик на државниот универзитет во Тирана и на државниот универзитет „Фан Ноли” во Корча.

Исто така ја повикува Владата да обезбеди пропорционална застапеност на Македонците во државните институции, органите на локалната самоуправа и локалната администрација каде што живее значителен број Македонци, како и претставик на македонското национално малцинство во Управниот одбор на албанската државна радиотелевизија.

Македонско друштво „Илинден” рамноправен член на ФУЕН е од средината на мај 2015 година и активно учествува во сите активности на Унијата а она што е најзначајно,според Ѓурѓај што за Македонците во Албанија се слушнало и се слуша низ цела Европа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот