Изгаснат пожарот во пробиштипскиот регион

Големиот пожар на сува трева, нискостеблеста и дел на дабова шума во пробиштипскиот регион е целосно изгаснат утринава во 10.30 часот.

Градоначалникот на Општина Пробиштип Драган Анастасов за МИА вели дека во пожарот, што почна од вчера попладне, изгореа големи површини во атарите на неколку пробиштипски села.

– Пожарникарите, резервниот состав, вработените во комуналното претпријатие, пожарникарите од Свети Николе, но и месното население од Петришино и Стрисовци беа вклучени во гаснењето на пожарот до 4 часот утринава. Месното население со механизација се вклучи и не се дозволи огнот да се приближи  до селата. Проблеми правеше и ветерот, вели Анастасов.

Тој истакна дека утринава од од 7 до 10.30 часот пожарникарите и резервниот состав ги гаснеле жариштата кај селата Дренек и Зарапинци.

Надлежните дополнително ќе утврдуваат колкава површина е изгорена во пробиштипскиот регион, а се претпоставува дека и во овој случај пожарот е намерно предизвикан од несовесен граѓанин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот