Изгаснат пожар во Кичевско

Пожарникари / Фото: Архива

Пожарот што избувна вчера на локација помеѓу села Поповјани и Туин во Кичевско е целосно изгаснат по интервенција на Територијалната противпожарна единица – Кичево и Шумското стопанство „Лопушник”.

За пожарот беше информирано и полициското одделение во Осломеј.

-Вчерашниот пожар кој избувна на локација помеѓу селата Туин и Поповјани во месноста Јани е целосно изгаснат. Беше опожарена површина обрасната со нискостеблеста вегетација, а повредени лица нема, информираа од СВР Охрид.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот