Изгаснат е пожарот во кој целосно изгоре погон за производство на мебел

Пожарот избувна утрово околу 9:30 часот и со голема брзина се прошири.

По скоро четири часа изгаснат е пожарот во кој целосно изгоре погон за производство на мебел, лоциран на излезот од Струмица на стариот пат кон Радовиш, пред местото Ракиџиски мост.

Пожарот избувна утрово околу 9:30 часот и со голема брзина се прошири. Причинета е голема материјалната штета, но нема повредени. Со многу пожртвуваност не е дозволено пожарот да се прошири на паркингот на превозникот „Струмица Експрес”, каде имаше паркирано повеќе автобуси и кон другите објекти во близина на погонот кој целосно изгоре. Од пожарот се зафатени и други помали објекти, но целосната штета ќе биде познато по целосното гаснење на пожарот.

За времетрањето на пожарот беше исклучена електричната енергија и според последните информации почнато е со повторно напојување на објектите кои се наоѓаат во близина на пожарот.

Според командирот на ТППЕ Струмица, Александар Гудев пожарот бил голем и во еден момент зафатил и поголема количина со складирано моторно масло, кое исто така целосно изгоре и при тоа се слушнаа силни експлозии.

Во гаснењето на пожарот учествуваа пет возила на ТППЕ Струмица и дваесет пожарникари, како и по едно возило од противпожарните единици во Радовиш и Ново Село, како и цистерна од ЈПКД „Комуналец”.

Причините за избувнувањето на пожарот дополнително ќе се утврдуваат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот