Изгаснат е пожарот на Пониква

Фото: EPA

Шумскиот пожар кој избувна на стариот пат Бели – Пониква, утринава околу 9 часот е локализиран и изгаснат. Откако пожарот е изгаснат противпожарните екипи и припадници на Дирекцијата за заштита и спасување извршиле детална проверка на теренот за можни остатоци на жаришта и нивно гасење.

Дирекцијата за заштита и спасување упатува апел до сите граѓани на Република Северна Македонија за совесно однесување и почитување на забраната за движење во шуми и шумски предели како и дадените препораки да не се палат стрништа и оган близу шумски површини.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот