Изгасен пожарот во Нов Белград: Се запали кинескиот трговски центар

Вечерва белградските пожарникари го локализираа пожарот во кинескиот трговски центар во блокот 70 во Нов Белград, објави Министерството за внатрешни работи на Србија .

Во соопштението се наведува дека припадниците на Секторот на МВР за вонредни ситуации го локализирале пожарот што избувнал во трговскиот центар во Нов Белград околу 20.30 часот.

Во гаснењето учествувале 23 пожарникари-спасувачи со пет возила, „кои пристигнале на местото на настанот околу шест минути по добивањето на пријавата“.

МВР изјави дека пожарот избувнал околу 20 часот.

Аенцијата Бета претходно јави дека избувнал пожар во една од продавниците во кинескиот трговски центар.

Полицијата за националниот сервис на РТС потврди дека немало никој во објектот, додека брзата помош соопшти дека немало повредени.

Сите вработени во трговскиот центар биле навремено евакуирани.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот