Издвоени 46,8 милиони денари: Се реконструира мостот на Пчиња кај село Драгоманце

Фото: mia.mk

Во тек е реконструкција на мостот на реката Пчиња во село Драгоманце, општина Старо Нагоричане, информираа денеска од Јавното претпријатие за државни патишта. За санацијата на мостот се одвоени 46.800.763.64 милиони денари со вклучен ДДВ.

– Мостот е составен од петнаесет полиња, систем проста греда, со распони од седум метри, со вкупна осовинска должина од 106,2 метри. Како резултат на неконтролирано течение на реката Пчиња, појавено е слегнување на мостот. Со проекто е предвидено санација на четири столбни места, санација на коловозната плоча на местото со слегнувањето, изведба на нова хидроизолација и нова асфалтна конструкција, соопштија од ЈП за државни патишта.

Освен санација на конструкцијата, е предвидено и целосно регулирање на речното корито. Изведувачот, соопштија од претпријатието, почнал со правење на пристапни патишта до оштетените столбови, по што ќе почне и со санација на оштетените четири столба.

Изведувач на работите е „Жикол” Струмица, а за надзор е задолжен „ГЕИНГ” – Скопје. Санацијата на мостот се очекува да заврши до декември оваа година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот