Издавачкиот центар „Три“ објави „Мала книга на стапици“ од Горан Стефановски

Продукцијата на издавачкиот центар „Три“ со објавата на „Мала книга на стапици“ од Горан Стефановски придонесува оваа книга одново да заживее.

– Драмскиот автор Горан Стефановски уште одамна ни даде инструмент и ни покажа како да свириме. Ни даде алат и ни кажа како да го користиме. Ни напиша рецепт за приготвување добри драми. Новото издание на книгата е можност да се влезе во дијалог со мајсторот на мислата, кој може да нè научи како да поставуваме стапици (а ние никогаш да не се фаќаме во нив) – истакнуваат од „Три“.

Горан Стефановски (1952-2018) е еден од најистакнатите писатели на современата македонска книжевност. Со култните драми „Диво месо“, „Лет во место“, „Јане Задрогаз“, „Тетовирани души“, „Демонот од Дебар Маало“ и многу други, закитен е со големи награди, како што се „Стале Попов“, „11 Октомври“, „Војдан Чернодрински“, обожаван од македонската и светската театарска публика – тој е многу повеќе од драмски автор и учител. Со „Мала книга на стапици“ тој остави занаетско искуство за многу идни генерации.

– Онака како што пиесите не се пишуваат туку се прават, така и големите луѓе не се создаваат, тие се раѓаат. Таков е и Горан Стефановски – автор што засекогаш го промени текот на македонската книжевност. А благодарение на ваквите помагала што ни ги остави во наследство, тој продолжува да ги обучува идните писатели, носители на иднината на домашната литература – заклучија од „Три“.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 172, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ на 25-26.3.2023)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот