Издавачкиот центар „Три“ објави „Италијански приказни“ од Итало Калвино

Едицијата „Читаме заедно“ на издавачкиот центар „Три“ е комплетирана со преводот на „Италијански приказни“ од Итало Калвино.

Преку умешноста на Калвино, еден од најзначајните италијански и светски автори на 20 век, се овозможува циркулација на книжевен квалитет, кој и на децата и на возрасните им овозможува запознавање со најдоброто во европската литература.

Преводот на приказните го направи искусната преведувачка проф. д-р Радица Никодиновска. Како професор што добро ја познава Италија од сите нејзини аспекти, таа придонесе за нивно висококвалитетно приопштување на македонски јазик.

Проектот „Читаме заедно“ е поддржан од Европската Унија.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 117, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ на 19-20 февруари 2022)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот