Издавачкиот центар „Три“ ќе ја промовира книгата „Живот на коцка“ од Џаро во хотел „Парк“

Покана за настанот во хотел „Парк“

Во ресторанот на хотел „Парк“ во Скопје на 29 мај, со почеток во 19 часот, ќе се одржи промоција на биографијата на неповторливиот менаџер Велибор Џаровски – Џаро, која без задршки ни го открива начинот на кој тој стана урбана легенда.

Нема човек кој не чул за Џаро и за неговиот бурен живот. Но овојпат ги слушаме сите вистини, без премолчување на многуте згоди и незгоди за кои можеме да читаме во неговата биографија, која ја напиша Милица Џаровска.

Забавна и сурово искрена, македонското издание на „Живот на коцка“ ќе понуди еднакво задоволство колку и оваа промоција. Промотор ќе биде уште една домашна ѕвезда – Игор Џамбазов, без кој не би можел да се замисли еден ваков настан.

Станува збор за несекојдневна промоција што несомнено ќе остави впечаток, голем како оној што Џаро го остави врз своето време, известија од Издавачки центар „Три“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот