Издавачки центар „Три“: „Најчитаните и најнечитаните колумни“ од Венко Андоновски

Издавачкиот центар „Три“ објави збирка колумни на мајсторот на зборот и теоретичар на книжевноста, професорот Венко Андоновски, наречена наједноставно „Најчитаните и најнечитаните колумни“.

Во книгата се собрани колумни од Венко Андоновски настанати во периодот 2018 – 2020 година, кои зборуваат за важни мигови во општествените случувања, но и изразуваат став што нема секогаш да биде прифатен. Самиот автор вели дека оваа книга е своевиден доказ дека пишувачот често може да има право, а некогаш може и да се „лизне“ на одредени теми, а сето тоа е – лична вистина и перцепција.

– Како автор на голем број книги и со над 35-годишно искуство во овој жанр, „Најчитаните и најнечитаните колумни“ на Андоновски е еден вид негова оддишка и сублимирање на годините во кои неговиот став јавно одекнуваше во медиумскиот простор. Експериментирајќи со политичката колумна како жанр, обидувајќи се да ја оддалечи од вулгарно политичкото и да ја доближи до здравото логичко мислење, личното толкување на фактите, до есеистиката, до сопствениот став и сопствената гледна точка, новата книга на Венко Андоновски е ризница на личните и колективните перспективи и логично согледување на состојбите на еден буден современик и писател – потенцираат од „Три“.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 28, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 25-26 април 2020)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот