Плакат за промоцијата на книгата „Судниот ден“

Издавачката куќа „Фуснота“ ќе ги промовира книгите „Судниот ден“ и „Собрани остатоци од светот“

Промоцијата на романот „Судниот ден“ на Александра Димитрова во издание на „Фуснота“ ќе се одржи на 14 јуни во кафе-книжарница „Буква“, со почеток во 18 часот.

Промотор на книгата е Душко Крстевски. Главен уредник е Маја Којчева Величкова. Лектурата ја направи Елизабета Коневска, а дизајнот на корицата го изработи Мите Спасовски. Извадоци од романот ќе чита Сузана Прањиќ Талевска.

Промоцијата на поетската книга „Собрани остатоци од светот“ на Пепи Стамков во издание на издавачката куќа „Фуснота“ ќе се одржи на 16 јуни во кафе-книжарница „Буква“, со почеток во 19 часот.

Плакат за промоцијата на книгата „Собрани остатоци од светот“

Промоторка на книгата е проф. д-р Весна Мојсова Чепишевска. Главен уредник е Маја Којчева Величкова. Лектурата ја направи Елизабета Коневска, а дизајнот на корицата го изработи Мите Спасовски. Извадоци од поетската книга ќе чита Светла Јакшиќ.

Двете книги се објавени со финансиска поддршка од Министерството за култура и туризам на Република Северна Македонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот