Издавачка куќа „Или-Или“: Роман „Смоква“ од Горан Војновиќ

Романот „Смоква“ од словенечкиот автор Горан Војновиќ е новата книга од работилницата на издавачката куќа „Или-Или“. Станува збор за 182. издание во едицијата „ПРОаЗА“, преводот од словенечки јазик е на Давор Стојановски, а дизајнот на корицата на Марија Смилевска.

По „Југославија, моја дежела“, ова е втор превод на роман од младиот и наградуван писател во издание на „Или- Или“. Излегувањето на „Смоква“ финансиски е помогнато од Јавната агенција за книга на Р Словенија и од Министерството за култура на РСМ.

– „Смоква“ е досега најкомплексниот и најзрел роман на Војновиќ, значително поинтимен, фокусиран на судбината на три генерации од едно семејство, битно обележан со некогашната заедничка држава и со нејзиниот распад. Романот врие од силни, но прикриени емоции, а од сочниот и презреан медитерански плод, кој пука по шевовите, капе семејната сага во која се преплетуваат судбини, љубови, неостварени желби и сурови реалности од нашите животи – потенцираат од „Или-Или“.

Горан Војновиќ (1980, Љубљана) е словенечки режисер, писател и колумнист. Автор е на романите: „Јужњаци, марш!“ (2008), „Југославија, моја дежела“ (2012) и „Смоква“ (2016).

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 28, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 25-26 април 2020)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот