Издадена меѓународна потерница по Милан Радоичиќ поради убиството на Оливер Ивановиќ

Суд во Приштина издал меѓународна потерница по Милан Радоичиќ, потпретседател на Српска листа на Косово и „еден од највлијателните личности во северно Косово“ кој е осомничен дека е вмешан во убиството на лидерот на Граѓанската иницијатива, Оливер Ивановиќ во Северна Митровица.

Според Танјуг, приштинскиот обвинител кој го истражува убиството на Ивановиќ изјавил дека е издадена меѓународна потерница за Милан Радоичиќ, за кого се сомнева дека се крие во Србија. Косово, инаку, не е членка на Интерпол.

Радоичиќ пред неколку месеци му понудил на обвинителот Суљи Хоџа да го испита во Белград, но косовското Обвинителството одби да го стори тоа.

Танјуг наведува дека обвинителството исто така го бара и Звонко Веселиновиќ, за кого обвинителството во Приштина неодамна ја прошири истрагата, по добиените документи одобрени од ЕУЛЕКС.

Веселиновиќ е осомничен од Судот во Приштина за организиран криминал, доведување во опасност на персоналот на ОН и за убиството на Ивица Рајичиќ во 2014 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот