Издадена делумна забрана за движење во шума

Воведена е делумна забрана за движење во шума со оглед на зголемената опасност од појава на пожари на отворен простор заради високите температури што се најавуваат во летниот период.

Забраната почнува да важи од денеска, од 6.00 до 20.00 часот и ќе трае се до нејзиното отповикување.

Забраната важи во шумите со кои стопанисува ЈП „Национални шуми”.

Од ЈП „Национални шуми” апелираат до сите граѓани да бидат исклучително внимателни при движење во шума и да се избегнуваат сите активности што можат да предизвикаат пожар.

– Најчест причинител за појава на шумски пожар (во 99 отсто од случаите) е човекот, додека громот и самозапалувањето како причина за настанување на пожар учествуваат само со еден отсто. Пожари предизвикани од човекот може да бидат намерни – подметнати пожари и ненамерни – од невнимание при палење на стрништа, палење пасишта, фрлени опушоци, сообраќајна незгода, искра од алат при работа, искра од електтрични далеководи, приготвување скара во шума, палење логорски оган, палење депонии и друго – се вели во писмената изјава на директорот на ЈП „Национални шуми” Зоран Ѓорѓиев.

Прочитајте и...  Шеесетгодишна кавадарчанка сплете завеса за време на корона

Согласно законските одредби од Законот за шумите, забрането е палење на отворен оган во шума и на земјиште во непосредна близина на шумата, на растојание најмалку од 200 метри од работ на шумата.

ЈП „Национални шуми” има обврска да презема превентивни, подготвителни и директни мерки за заштита на шумите од пожари. Ѓорѓиев додава дека нивните вработени секојдневно се на терен. По добивањето на информацијата за настанат пожар, претпријатието што стопанисува со шуми, односно посеви, веднаш на местото упатува мобилна екипа со потребните средства и опрема за почетно гаснење, средства за врски, храна и вода за сопствени потреби со задача: да го потврди постоењето на пожарот, да изврши процена за големината и развојот на пожарот и да предложи ангажирање на соодветни персонални и материјални ресурси за негово локализирање и гаснење.

Прочитајте и...  Како Шведска профитираше со избегнување на карантинот?

Ѓорѓиев најави и зголемени контроли на дрвната маса низ целата територија на државата.

Прочитај повеќе

Над 10.000 лица починаа од Ковид-19 во Русија од почетокот на пандемијата

Слободен печат

Во Сегрија 200.000 лица ставени во карантин

Слободен печат

„Вице даде зелено светло“ – На Јутјуб се појави нова аудио снимка

Слободен печат

Гласен Текстилец: Конфекција во Пробиштип затворена поради нови случаи на Ковид-19

Слободен печат

Мажите во Албанија живеат пократко и емигрираат повеќе во однос на жените

Слободен печат

ГОБ „8 Септември“ демантира дека постои листа на чекање за итни хирушки интервенции

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Заев ја обвини опозицијата за лаги и негативна кампања: ВМРО-ДПМНЕ ќе остане во опозиција за да си ја обнови партијата

Слободен печат

Над 22.000 новозаразени од Ковид-19 во Индија

Слободен печат

Чулев: Полицијата е подготвена за спроведување мирни, фер, демократски избори

Слободен печат

Њујорк пост: Еден од десет пациенти никогаш нема да го вратат чувството за мирис и вкус

Слободен печат

Шахпаска: Преку инвестиции во инфраструктурата, инвестираме во економијата и во иднината

Слободен печат

Лукаревска: СДСМ не копа ровови, туку гради мостови, патишта и врски меѓу луѓето

Слободен печат