Пожар во штипскиот регион, гори меѓу селата Сушево и Доброшани

фото: МИА

Избувна голем пожар во штипскиот регион и со огнената стихија која почнала од селото Сушево се борат 25 пожарникари од Тертиријалната Противпожарна единица во Штип, вели командирот на ТППЕ-Штип, Дарко Коцев за МИА.

Тој додава дека на терен се со четири противпожарни возила и во моментов се кај селото Доброшани, каде спрелуваат огнот да дојде до куќите.

-Станува збор за голем пожар гори сува трева и мешана шума. Површината е голема и е неколку стотини хектари. Според моите информации колегите од Свети Николе веќе се на терен кај светиниколското село Богословец, вели Коцев.

Коцев посочува дека станува збор за непристапен терен, а во овој предел можат да се движат само со џипови, теренски возила. Пожарот е пријавен во 15.30 часот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот