Избришете ги од Фејсбук: Овие две информации се доволни за кражба на идентитет

Френк Абагнејл

Френк Абагнејл, еден од најпознатите измамници на светот, според чиј живот е снимен и филм со Леонардо Ди Каприо, денеска е еден од безбедносните советници кои на американската влада им помага да фати други измамници.

За тоа како можете да се заштитите од измами тој напиша и книга, а за Yahoo открива и кои два податоци се доволни за хакерите да ви го украдат идентитетот ако ги објавите на Фејсбук.

-Ако сте на Фесјбук морате да запаметите дека овие две раоти никогаш не смеете да ги откривате – местото и датумот на раѓање. Во 98 отсто од ситуациите само ова е доволно за некој да ви го украде идентитетот. Само тие две информации – открива Френк.

Во својата книга открива пет основни правила до кои морате да се држите за да се заштитите на инернет.

1.Заштитете го својот идентитет

Штом некој ќе ви побара приватни или финансиски информации, застанете и прво проверете која е таа личност со која си имате работа.

  1. Обезбедете ги своите финансии

Не му верувајте на никој кој ќе ви каже дека можете да заработите преку вложување.

  1. Не се потпирајте на дигиталното

Немојте сите свои лични информации да ги чувате на еден лаптоп. Најдобро е да ги испечатите податоците.

  1. Внимавајте на телефонските повици

Ако не го препознавате бројот од кој некој ви ѕвони, немојте да се јавувате. Ако сепак одлучите да се јавите, внимавајте што зборувате, бидејќи повикот можеби се снима.

  1. Внимавајте на апликациите за запознавање

Уверете се дека лицето со кое разговарате преку апликација е реално. Проверете ја нејзината локација, како и тоа каде е вработена, а задолжително побарајте и нејзини фотографии на интернет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот