Избрано идејното решение за спортската сала Партизан

Избрано е идејното решение за обнова на спортската сала „Наум Наумовски – Борче”, позната како „Партизан”. Станува збор за проектот подготвен од архитектите Томас Ромеро Тали, Метју Сатори и Хавиер Ромеро.

Општина Карпош денеска соопшти дека во периодот од 8 до 18 овој месец преку веб страната www.karpos.gov.mk гласале 1.322 граѓани, а мнозинство гласови, односно 878 добил идејниот проект на тројцата архитекти.

Од друга страна, идејниот проект на Ивона Крстеска, Марија Гелмановска, Ана Грковска и Александар Кочовски добил 444 граѓани.

– Двата идејни проекти беа подготвени на волонтерска основа од Меѓународната невладина организација „Културно ехо”. И двата гарантираат задржување на автентичноста на објектот, но и додавање на нова вредност на салата, мултифункционалност и прилагодување на урбаниот контекст, информираат од општина Карпош.

Избраниот проект ќе биде доставен до Агенцијата за млади и спорт по што ќе следи подготовка на основен проект и реконструкција на салата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот