Избрани најдобрите угостителски објекти во Скопје за годинава

Ресторани, угостители/Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Град Скопје и Агенцијата SWOT Research, агенција за анализа квалитетот на услугата, по 14-ти пат го реализираа проектот „Најдобар угостителски објект меѓу најдобрите“, во главниот град.

Најдобри угостителски објекти во Скопје за 2021 година, во четирите категории се:

Категорија ресторани

1 место: Пелистер

2 место: FOUR

3 место: CARPE DIEM

Категорија гостилници

1 место: Дебар маало

2 место: Градска кафеана – Кај Јоле

3 место: Дукат

Категорија Lounge и мезе барови

1 место: ДISTRIKT BAR &KITCHEN

2 место: Public room

3 место: SOUL KITCHEN

Категорија кафулиња

1 место: Mr. Jack

2 место: CHILLIN’ BAR

3 место: DEUS

– Агенцијата ангажираше тајни купувачи, кои ги посетија угостителските објекти, избрани по случаен избор во трката за Најдобар угостителски објект во 2021 година, а потоа следуваше сумирање на резултатите. Најдобрите угостителски објекти се избираат по пат на независни и објективни тајни купувачи, при што беа посетени 173 угостителски објекти, соопшти Град Скопје.

Квалитетот на услугата се оценуваше според девет елементи: Прв контакт – (поздравување и упатување кон место за седење, приоѓање на келнерот, поздравување) Хигиена на објектот – (чистота на простор, маси, чаршафи, столови, прибор, мени) Ковид критериуми- (носење заштитна маска, растојание на маси, средства за дезинфекција) Тоалет – (хигиена на простор и санитарии, бришачи, заклучување, закачалки)
Амбиент – (осветлување, температура, миризба, музика) Услуга на келнерите – (љубезност, проактивност, волја да се излезе во пресрет, посветеност, однесување) Општа услуга – (асортиман, соодветно послужување, време на услужување, издавање фискална сметка)
Квалитет на храната – (свежина, количина, вкус) Завршен контакт – (заблагодарување и отпоздравување) , велат организаторите на изборот.

Од Град Скопје соопштија дека и оваа година доделувањето на плакетите се одржа согласно протоколите за Ковид-19, односно со ограничен број на лица, со цел заштита и превенција од ширење на вирусот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот