7 C
Скопје

Избрани најдобрите творби на конкурсот за најдобра необјавена песна за деца и возрасни на литературниот клуб „Кирил Пејчиновиќ” – Тетово

Литературниот клуб „Кирил Пејчиновиќ” при Центар за култура „Иљо Антески-Смок” од Тетово ги објави победниците на конкурсот за најдобра необјавена песна за деца и возрасни. За најдобра песна во категорија на деца е избрана Силвана Крстовска од тетовско Подбреѓе со „Годишните времиња”, додека кај возрасните прва награда ја доби песната „Зорица” од авторот Атанас Крлевски од Велес.

– Многу сме задоволни од одзивот, имаше рекорден број на 475 пријавени автори од цела Македонија, порано сме имале 300 до 400 песни. Комисијата скоро цела недела работеше на одлуката за избор на најдобрите песни. Може да кажеме дека имавме многу квалитетни творби и многу добри автори, како и ученици кои организирано се јавија, но и познати поети и писатели. Освен награди за првите места, кај возрасните се доделуваат и две награди за второ место, три за трето мести и пет песни се пофалени. Во категоријата за деца има три награди за второ место, пет награди за трето место и девет пофалени песни. Годинава имаме и пофалница вон категорија за расказот на Михаела Младеновска од скопско Бардовци, информира денес Мирко Видоески, претседател на Клубот.

Прочитајте и...  Најмалку 64 политичари се убиени во Мексико во последните шест месеци

За изборот на најдобрите песни одлучувала тричлена комисија составена од претседателот Владимир Кочовски, писател и книжевник, како и членовите Марина Даниловска, професор по македонски јазик на Универзитетот во Тетово и Веле Коцески, писател.

– Друга карактеристика е што имавме голем број автори од други националности кои пишувале на македонски јазик. Поради пандемијата нема да се одржи манифестација, а наградените наградите ќе може да ги подигнат во Центарот за култура од 25 јануари до 31 март 2021, секој работен ден од 9 до 14 часот. Наградените ќе добијат дипломи и книги, а благодарници имаме за издавачките куќи „Матица Македонска” и „Или-или” кои секоја година ни донираат книги за наградените, истакна Видоески.

Прочитајте и...  Армијата и полицијата на Мјанмар преку ТикТок се заканува на демонстрантите

Поврзани вести

Која е нишката што ја поврзува Македонија со кланот „Америка“

Слободен печат

Милета Миљаниќ, ака Мајк падна во Њујорк: Агентите на ФБИ му ставија лисици на рацете на водачот на кланот „Америка“

Слободен печат

Хелен Мирен ќе ја напише светската порака по повод Светскиот ден на театарот

Слободен печат

Вашингтон со критика до Пекинг заради наметнување на изборниот закон во Хонгконг

Слободен печат

ВИДЕО I Еден мигрант загина, а неколку се повредени во експлозија во минско поле во близина на Плитвице

Слободен печат

Захарова: Русија конструктивно ќе одговори на позитивните сигнали од САД

Слободен печат

Остави Коментар