Избрани најдобрите трговски објекти во Скопје за 2020 година

Тајните купувачи по направената евалуација изготвија извештаи кои се изработени според примарните критериуми, кои оваа година поради пандемијата беа дополнети со нови критериуми.

Град Скопје и Агенцијата SWOT Research, ги избраа најдобрите трговски објекти во Скопје, во повеќе дејности, во рамките на традиционалната манифестација „Месец на трговијата 2020″, која годинава се организира по 14–ти пат.

Како што информираат од Град Скопје, овој проект се организираше во периодот од 1 ноември до 30 ноември 2020 година. Тајните купувачи по направената евалуација изготвија извештаи кои се изработени според примарните критериуми, кои оваа година поради пандемијата беа дополнети со нови критериуми.

– Помеѓу критериумите беа: изглед на продажното место, прв контакт, COVID – 19 критериуми, услуга кон купувачите, продажни вештини, нудење дополнителни производи, и завршен контакт, велаат од Град Скопје

Категориите според кои што беа наградувани трговските објекти се: „Апарати за домаќинство, бела техника и сѐ за дома”, „Модни додатоци и накит”, „Компјутерска, аудио – видео и телекомуникациска опрема”, категорија „Парфимерии и козметика”, „Салони за мебел”, „Супермаркети”, „Бутици” и категорија „Домаќинство”.

Добитници на наградите се:

Категорија „Апарати за домаќинство, бела техника и се за дома”

  1. Сетек
  2. Техномаркет
  3. Нептун

Категорија „Модни додатоци и накит”

  1. SWAROVSKI
  2. Miss Spice
  3. Tesoro

Категорија „Компјутерска, аудио – видео и телекомуникациска опрема”

  1. Телекомпродавница
  2. ANHOCH PC Market
  3. I Style

Категорија „Парфимерии и козметика”

  1. L’ OCCITANE
  2. Ри – Ма
  3. MAC cosmetics

Категорија „Салони за мебел”

  1. Кристина Дамил
  2. Југоекспорт Стил
  3. Акрон

Категорија „Супермаркети”

  1. Рамстор
  2. Рептил
  3. Гранап

Категорија „Бутици”

  1. KOTON
  2. Springfield
  3. Sara fashion

Категорија „Домаќинство”

  1. Coin Casa
  2. LUSSO
  3. VICKO

Проектот „Месец на трговијата” произлегува од Програмата за финансирање на проекти за развој на занаетчиството, угостителството и трговијата на град Скопје за 2020 година.

Видео на денот