Избрани 16 дигитални алатки за справување со последиците од КОВИД-19

На јавниот повик КРЕАТОН наменет за креирање на дигитални алатки и решенија за справување со последиците од КОВИД-19 избрани се 16 решенија. Повикот е спроведен во соработка со партнерите – Амбасадата на Швајцарија во Република Северна Македонија, УСАИД, УНДП, УНИЦЕФ, МАСИТ и ФИТР чии претставници беа членови на Комисијата за евалуација и избор.

-Сите овие решенија нудат придонес во намалување на последиците и прилагодување на животот и работата во услови на криза. Она што е од исклучителна важност е дека целиот процес беше спроведен во рекорден рок. Тоа покажа дека и граѓаните од кои добивме над 500 апликаци, но и институциите и меѓународните организации можат и мораат да се прилагодуваат и ефикасно да функционираат во изменети услови- рече Јован Деспотовски, директор на ФИТР.

Овие решенија треба да бидат целосно функционални за 15 дена и ќе бидат бесплатно достапни за сите граѓани, компании и организации.

-Мислиме и за ден потоа, решенијата се применливи и во услови на нормално функционирање со што се дава придонес во дигитализација на општеството. Пак ќе повторам, целта е од сето ова што ни се случува да излеземе пред се здрави, а потоа и посилни и подобри- рече Деспотовски.

Избраните решенија нудат дигитални алатки во медицина, образование, борба со лажни вести, дигитални алатки за прилагодување на малите и средни претпријатија. Меѓу нив има ИТ решение за бесконтактна интеракција на пациенти, лекари и аптеки, платформа за ММС со пристап до бесплатни дигитални алатки и едукација како да се приспособат на новите услови на работење, алатка за верификација на граѓани, организации, фирми и институции во деловен процес со дигитален идентитет, како и апликација за поттикнување на читачките навики кај основци и средношколци преку интеракција и со помош на гејмификација.

Вкупниот буџет за повикот е 10 милиони со максимален износ по апликација до 10.000,00 евра во денарска противредност.

Овој повик е прва од иницијативите на Фондот за справување со последиците од КОВИД-19. Во координација со меѓународните партнери, пред се Светската Банка ФИТР ги финализира и нови предлози за поддршка на своите корисници и домашната економја  како дополнение на пакетот економски мерки на Владата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот