Избран нов претседател на Советот на амбасадори

Мухамед Халили, Фото: Архива

За нов претседател на Советот на амбасадори денеска е избран Мухамед Халили, а за потпретседатели Елеонора Петрова и Александра Наќева-Ружин.

Од Советот на амбасадори попладнево соопштија дека во Извршниот одбор влегуваат и амбасадорите Љупчо Арсовски, Ѓорѓи Филипов, Азис Положани, Тихомир Илиевски, Ѓорѓи Спасов и Зоран Јолевски.

Новиот претседател е избран на денешното Годишно собрание одржано онлајн на кое бил усвоен и извештајот за двегодишната работа на оваа организација со која досега раководеше амбасадорот Љупчо Арсовски.

– Едногласна оценка на амбасадорите е дека со голема поддршка на македонските медиуми, Советот на амбасадори, за релативно кус период се промовира во јавноста со објективност, јасни гледишта и ставови низ принципиелен пристап за да да информира непосредно во еден простор кој досега не беше соодветно и на ваков начин презентиран, се вели во соопштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот