Избран нов концесионер на депонијата Дрисла

Советот на Град Скопје на денешното продолжение на 30-та седница донесе одлука со која за нов концесионер на депонијата „Дрисла“ е избран Конзорциумот предводен од „SCHOLZ AG“ од Република Германија, составен од SCHOLZ AG – Германија, C.I.O.S.d.o.o – Хрватска и СПЛЕНДОР МАК ДООЕЛ од Република Македонија.

Со ваквата одлука се овозможува да се стави крај на агонијата на граѓаните на Скопје со депонијата „Дрисла“ и се создава можност за започнување на процес на инвестиции и модернизација на депонијата „Дрисла“, која во иднина ќе прерасне во модерна депонија во која ќе се одложува и третира отпадот по највисоките светски стандарди.

Оваа одлука следува по судска пресуда на Вишиот Управен суд.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот