20 C
Скопје

Избран наследникот на Аншобер: Докторот на претседателот Волфганг Микштајн новиот австриски министер за здравство

Виенскиот лекар Волфганг Мукштајн ќе го наследи Рудолф Аншобер, кој денеска поднесе оставка, како министер за здравство и социјални прашања во Австрија.

Австрискиот вицеканцелар и лидер на Зелените Вернер Коглер објави дека одлучил на местото од Аншобер да го назначи Микштајн за нов министер, кој ќе положи заклетва во понеделник.

Коглер на прес-конференција рече дека земјата се уште се соочува со големи предизвици поради пандемијата.

“Затоа ни треба некој што има знаење и сила да управува со оваа здравствена криза. И тоа е д-р Микштајн”, објасни тој.

Коглер истакна дека Микштајн е од професијата, човек кој многу добро го познава здравствениот систем, кој ја следи пандемијата од самиот почеток, и кој исто така го слуша гласот на граѓаните во ова тешко време.

Тој пренесе дека веќе биле водени разговори со канцеларот Себастијан Курц и дека за одлуката го информирал и претседателот на Австрија, Александар ван дер Белен, чиј матичен лекар е Микштајн.

Микштајн е општ лекар во 6-тата општина Виена.

Во Лекарската комора во Виена, тој бил службеник за „групни ординации и нови форми на организација“.

Учествуваше во преговори за коалиција, во тимот на Зелените, во преговори од областа на здравството.

Тој на прес-конференцијата рече дека за време на неговата работа во неговата канцеларија се соочил со пациенти со ковид-19  .

„Сакам да помогнам што е можно подобро да ја надминеме кризата и затоа решив да преземам нова функција. Надминувањето на пандемијата е мојот главен приоритет, бидејќи тоа е нашата историска обврска што бара наше целосно внимание и сила“ рече тој.

Тој ја поддржа одлуката на Виена и Долна Австрија за продолжување на мерката затворање до 2 мај и рече дека нема да се двоуми да донесе непопуларни мерки, како што е таа одлука.

Тој апелираше до граѓаните да се вакцинираат против вирусот корона.

Во пресрет на поднесување на оставката на министерот Аншобер, за негов наследник се споменува генералниот секретар на Министерството за здравство, Стефан Валнер, кој важи за личност која не се двоуми да се спротивстави на поголемиот коалициски партнер, Народната партија (ОВП) , на канцеларот Себастијан Курц.

Според Партијата на зелените, Валнер би можел да остане на позицијата генерален секретар на Министерството за здравство.

Поврзани вести

Пендаровски: Должни сме да се бориме против кршењето на човековите права и антициганизмот како специфична форма на расизам кон Ромите

Слободен печат

Заев: Благодарам до мојата другарка Шекеринска

Весна Тодоровска

Почина Јаков Лазароски, универзитетски професор и претседател на Претседателството на ЦК на СКМ

Слободен печат

Заев: За мене немаше мирно море

Весна Тодоровска

Папата ги осуди насилствата меѓу Израел и Хамас

Слободен печат

Министерство за транспорт и врски: Договорите за јавни набавки се спроведуваат согласно законите

Слободен печат

Остави Коментар