Избран е најдобриот филмски лик на сите времиња: Неговиот широк спектар на емоции, ги освои срцата на гледачите!

Порталот „Ранкер“, кој сака да рангира работи, вклучува настапи на некои од најголемите актери на сите времиња во култни филмови, епски драми, комедии, акциони и суперхеројски филмови и многу други филмски жанрови.

Според најновата топ-листа, Форест Гамп е најдобриот филмски лик на сите времиња, барем судејќи според повеќе од 1,1 милион гласови на љубителите на филмот кои учествуваа во анкетата на порталот. Форест Гамп, главниот јунак на филмската адаптација на истоимениот роман на Винстон Грум од 1986 година, доби најмногу гласови.

View this post on Instagram

You want a chocolate? #WorldChocolateDay

A post shared by Forrest Gump (@forrestgumpfilm) on

Филмот на Роберт Земекис од 1994 година се смета за класика на современата кинематографија, а комичната драма, која изобилува со цел спектар на разни емотивни пресврти на Том Хенкс, го претвори во еден од најомилените актери во светот, чии цитати од филмот сè уште се прераскажуваат, пишува Индекс.

Инаку, Винстон Грум, авторот на книгата „Форест Гамп“, чија филмска адаптација освои шест Оскари и срцата на целиот свет, почина неодамна, на 77-годишна возраст.

На второто место на листата на Ранкер се најде Вуди, каубојот од „Приказна за играчките“, додека на третото место е Т-800, робот кој го игра Арнолд Шварценегер. Исто така во топ 5 се Дамблдор од серијата Хари Потер и R2D2 од „Војна на ѕвездите“.

Дали се согласувате со овој избор? Што мислите, кој е најдобриот филмски херој на сите времиња?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот