Изборот на храна влијае на вашето либидо

Фото: Unsplash

Се чини дека постои поврзаност помеѓу тоа колку јадете и колку сте расположени за секс. Дали некогаш ви се случило да изедете цела пица или сочен хамбургер? По таа количина на храна, веројатно сексот не ви ни паднал на памет.

Видот на храната што ја јадете влијае на вашето либидо

Познато е дека одредени видови храна го зголемуваат либидото како што се боровинките, црешите, циметот, брокулите, смоквите, какаото, авокадото, бананите, јагодите, кавијарот, зелената салата и многу други. Па, дали афродизијаците навистина постојат? Научниците одговараат потврдно, но многу е покомплицирано од тоа дека ако изедете одреден вид храна веднаш ќе бидете сексуално возбудени. Вистината е дека секоја храна што ја зголемува циркулацијата и производството на серотонин во мозокот е добра за либидото. Подобрата општа благосостојба резултира со повеќе енергија, а тоа, пак, доведува до повеќе уживање во сексот.

Јаболката можат да го подобрат сексот

Според едно истражување спроведено на 731 здрави Италијанки на возраст помеѓу 18 и 43 години, оние кои јаделе повеќе од едно јаболко во денот, изјавиле дека забележале зголемена лубрикација и сексуална желба.

Според порталот Medical Daily“ јаболката содржат флоридизин, клучната состојка која е слична на женскиот полов хормон естрадиол, кој игра голема улога во вагиналната лубрикација и женската сексуалност. Дали тоа значи дека едно јаболко на ден може да ве одведе до задоволувачки секс? Последиците од вашата консумација на јаболка може да варираат, но несомнено е дека секогаш ќе бидат слатки.

Незаинтересираноста за секс кај мажите е поврзана со ризикот од прерана смрт

Водич за тантрички секс: Емотивно и физичко зближување на партнерите

Како јогата го подобрува сексуалниот живот?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот